Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за квалитетно   вршење на операција шиење на конфекциски материјал.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат Шивач на конфекциска облека“.Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 48 часа теоретска обука, 168 часа се практична обука во реални работни услови и 24 часа се наменети за оценувањето( од кои 4 часа се предвидени за завршен испит).Целта на програмата е кандидатите да стекнат знаења и вештини за квалитетно   вршење на операција  шиење на конфекциски материјал.Програмата ќе биде реализирана под менторство на  текстилен инженер . Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По  успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат,,Шивач на конфекциска облека” .

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот во програмата ќе биде способен да:
  • организира простор и работа во текстилна конфекциска фабрика,
  • подготвува работното место,
  • идентификува делови на машина за шиење и ракува со машини за шиење
  • разликува и изработува различни видови на бодови
  • разликува начини на шиење
  • шие специфични кројни делови на конфекциски материјал
  • правилно користи кројни делови на конфекциски материјали
  • шие здолниште, блуза, панталони и кошула
  • контролира сошиен конфекциски производ
  • поправа конфекциски производ
  • меѓуфазно пегла кројни делов
  • применува норми за заштита при работа

Критериуми за влез во програмата

Минимум основно образование и возраст од најмалку 15 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 20
Пракса 168 70
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support