Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување за Фасадер и истата е со тримесечно времетраење, односно 380 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се во функција на практичната обука, која пак се изведува во работилница и на терен во реални услови. По успешното завршување на програма учесникот ќе се оспособи да ја планира и организира сопствената работа, рационално да ги користи енергијата, материјалот и времето, да комуницира со претпоставениот и странките, да ги развива и усовршува вештините и знаењата, да го подготвува работното место, материјалот, алатот и машините за изведба на фасадерските работи, да ја испитува и ја подготвува подлогата за нанесување фасада, изведува класична и староградска фасада, термизолационен систем и фасадно цокле, да подготвува и реализира понуди за изведба на фасада според барањето на техничката документација, странката и надзорот, ги применува стандардите и нормите за материјалите, постапките и го контролира квалитетот на изведбата на фасадата и цоклето, да ги подготвува, одржува и користи алатите и машините за изведба на фасадерските работи, да комуницира со соработниците, да се грижи и чува здравјето, работната средина и пошироката околина, да комуницира со стручните служби и странките да ги развива претприемачките особини, вештини и знаењата, да познава права од работен однос, можности за отварање и водење на мал бизнис.
По завршувањето учесникот полага завршен испит и по успешното завршување се стекнува со Сертификат
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 19 | 19 |
Пракса | 272 | 72 |
Оценување | 36 | 9 |
Вкупен број на часови | 86400 |