Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на одреден тип на ѕид, кровна конструкција како и правилно користење на опремата и алатот за изработка на истата.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат за работна оспособеност „Ѕидар“.
Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 50 часа теоретска обука, 160 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците, а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата, под менторство на овластен инженер, а практичната обука на терен во рамките на компанијата за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тема од теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен испит преку практична изведба на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Ѕидар“.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • ја организира својата работа; • ги почитува мерките за изведба на ѕидарско-кровни работи; • применува прописи за добра и квалитетна изведба; • применува прописи за заштита при работа; • применува прописи за квалитет на материјалите и нивното користење; • разликува технолошки постапки за изведба на одреден тип на ѕид или кров; • монтира и демонтира ѕидарско скеле следејќи ги прописите за безбедност; • ги пресметува и прибележува количините на изведените работи и употребените материјали.

Критериуми за влез во програмата

Минимум основно образование и наполнети 18 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 23
Пракса 160 73
Оценување 10 4
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support