Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за квалитетно вршење на операција шиење на конфекциски материјал.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Шивач на конфекциска облека“.Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 48 часа теоретска обука, 168 часа се практична обука во реални работни услови и 24 часа се наменети за оценувањето( од кои 4 часа се предвидени за завршен испит).Целта на програмата е кандидатите да стекнат знаења и вештини за квалитетно вршење на операција шиење на конфекциски материјал.Програмата ќе биде реализирана под менторство на текстилен инженер . Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат,,Шивач на конфекциска облека” .
Резултати од програма
- организира простор и работа во текстилна конфекциска фабрика,
- подготвува работното место,
- идентификува делови на машина за шиење и ракува со машини за шиење
- разликува и изработува различни видови на бодови
- разликува начини на шиење
- шие специфични кројни делови на конфекциски материјал
- правилно користи кројни делови на конфекциски материјали
- шие здолниште, блуза, панталони и кошула
- контролира сошиен конфекциски производ
- поправа конфекциски производ
- меѓуфазно пегла кројни делов
- применува норми за заштита при работа
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 48 | 20 |
Пракса | 168 | 70 |
Оценување | 24 | 10 |
Вкупен број на часови | 240 |