Опис на програма
Курс по англиски јазик со увежбување на четири вештини и тоа читање,слушање,зборување и пишување преку забавни лекции видео и аудио материјали со текстови и теми кои ги тераат и мотивираат учениците да сакаат да зборуваат. Преку оваа програма ќе научите соодветно да читате текстови, да ги преведувате истите, да разбирате текстови, да пишувате писма формални и неформални, секакви видови на есеи од различни теми кои се соодветни за возраста на ученикот, и да зборувате на многу теми кои се складни со возраста на ученикот. Ученикот ќе научи да поставува прашања, да одговори соодветно на слушан текст, да објаснува зборови да расправа со посложени реченици на дадена тема, да напише формално и неформално писмо, да состави поедноставен диалог со дадени елементи, да знае да разменува информации итн.
Овој курс е наменет за лица кои имаат основно познавање на јазикот, но чувствуваат дека тоа е недоволно за нормална употреба и комуникација. Покрај вежбите за читање, пишување и слушање, посебен акцент е ставен на конверзација. Од слушателите се бара активно учество во предавањата кое води до зголемена самодоверба во користење на јазикот. Се повторуваат основните граматички правила(минато сегашно и идно време) и правопис во англискиот јазик, се вежбаат конверзациски техники, се збогатува вокабуларот, се зголемува вашата самодоверба и се подигнува нивото на јазикот.
Наставната програма на OXFORD New English File е изработена од врвни јазични експерти и е наменета за возрасни. Учебникот изобилува со интересни теми и современи текстови од секојдневниот живот кои ги мотивираат слушателите, а работната тетратка нуди голем број на дополнителни вежби.
Оваа програма ги покрива сите четири вештини со фокус и на изговорот преку користење на многу ресурси како што се аудио и видео материјали, тестови и современи интерактивни методи при примена на наставата. Секое ниво или степен е соодветен на возраста на ученикот и има карактеристики кои ги привлекуваат учениците лесно да го научат и совладаат материјалот кој е предвиден во програмата.
Резултати од програма
- Облека, семејни конфликти, споредби, светски метрополи
- Забава, уживање, учење нови јазици, спорт
- Марфиеви закони, животни одлуки, совети
- Стравови и фобии, познати режисери, училиште, откритија
- Викенди, здравје, спиење
- Вистинити приказни, прераскажување
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 20 | 63 |
Пракса | 10 | 31 |
Оценување | 2 | 6 |
Вкупен број на часови | 32 |