Опис на програма
Конверзацискиот курс по англиски јазик за возрасни има силен комуникативен пристап. Курсот се фокусира на вештините слушање и зборување и користи автентични секојдневни ситуации во кои слушателите се вклучуваат во вистинска комуникација и го користат јазикот во реален контекст. Курсот не користи учебници и не се фокусира на граматички структури.
Програмата на курсот е специјално креирана според комуникативниот пристап во наставата по англиски јазик (Communicative Language Teaching или CLT) којшто се базира на идејата дека успешното учење на јазикот доаѓа единствено од вистинска комуникација во реален контекст. Затоа курсот користи автентични аудио материјали преку кои што слушателите го учат и вежбаат јазикот преку меѓусебна интеракција. За разлика од традиционалните и веќе застарени методи каде што главен приоритет има граматичката компетенција, целта на курсот е способност на слушателите да комуницираат на англиски јазик.
Курсот не користи учебници чиишто содржини се најчесто застарени и неактуелни и можат да бидат особено демотивирачки за слушателите. Наместо тоа, курсот користи онлајн платформи со автентични разговори во секојдневни ситуации.
Програмата на курсот е креирана според Европската референтна рамка за јазиците (CEFR) следејки го функционалниот наставен план (Functional Syllabus) Според ова, слушателите на Конверзацискиот курс по англиски јазик Ц1/Ц2 ќе учат функционален јазик и вокабулар од соодветни теми и ситуации.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 94 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 1 | 3 |
Вкупен број на часови | 32 |