Përshkrimi I programës
Обуката за специјалист за веб дизајн е насочена кон стручно оспособување на кандидатите за совладување вештини од областа на веб дизајнот насочен кон корисникот.
Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот активно да ги користи новите принципи на дизајнирање насочени кон корисникот, техниките за веб оптимизација и аналитика, како и софтверите за веб дизајн и анимација во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: креира визуелен приказ на целосно прилагодлива веб страна, изработува прототип и истиот да го автоматизира и тестира, изработува основни веб анимации, анимира објекти и ефекти, изработува реална анимација и анимира карактер, користи специјални ефекти на анимации, звучни и визуелни ефекти, изработува стратегија и истражува за клучни зборови, врши оптимизација на содржина (текст, наслови, внатрешни и надворешни линкови), дизајнира Landing Pаges и креира кампањи со Google Ads, врши мерење и следење на кампањи со Google Analytics и поврзување со Google Ads, организира и архивира документи за потребите на работното место, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.
Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа и/или обезбедување на самовработување.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, практична изведба и на меѓународни испити.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката, ги изработи проектните задачи за Дизајн на прототипна веб страна и Веб оптимизација и веб аналитика, како и го положи предвидениот испит за Adobe Animate CC, ќе се стекне со сертификат за Специјалист за веб дизајн.
Сертификат за Adobe Animate CC се стекнува со положување на испитот:
- Adobe Certified Associate in Multiplatform Animations Using Adobe Animate CC, меѓународен сертификатот кој е одлична оценка за владеење со апликацијата и ги потврдува вештините во креирање на анимирани, интерактивни и богати мултимедијални содржини за Интернет.
Програмата за „Специјалист за веб дизајн“ е сочинета од 3 целини:
- Дизајн на прототипна веб страна UX/UI Design & Adobe XD CC во 30 часа
- Веб анимација Adobe Animate CC во 30 часа
- Веб оптимизација и аналитика во 36 часа
конкретно за подесување параметри на програмите, организирање на документи и користење на алатки и опции за работа на проекти во секој програм соодветно.
Времетраењето на програмата е 90 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за видео продукција и анимација, вклучување на пазарот на труд и вработување во фирма или хонорарно.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно официјалната програма на Adobe и официјална литература во најноваите верзии на Adobe XD CC и Adobe Animate CC – Classroom in a book, The official training workbook from Adobe.
Наставата ќе се одвива во специјализирана компјутерска предавална со потребната опрема, а секој посетител работи самостојно на компјутер со потребните Adobe софтвери за дизајнирање.
Обуката ја изведуваат сертифицирани инструктори на експертско ниво во владеење на Adobe софтверите за дизајнирање.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 20 | 19 |
Praktikë | 76 | 72 |
Vlerësim | 10 | 9 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 106 |