Përshkrimi I programës
Програмата “Готвач гастроном – основно ниво” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на готварството. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на готвење.
Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање), практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти ипрактична работа- вежби.
Структурата на програмата за “Готвач во угостителски објект” е следна:
- стручно-теоретски дел,
- практична работа и
- проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
- Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство
- Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професори ментори или готвачи со повеќегодишно работно искуство.
- Третиот дел од програмата за готвач во угостителски објект е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за Готвач гастроном- основно ниво.
Времетраењето на програмата е 4 месеци или 16 недели или 180 часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
- Завршено минимум основно образование со навршени 15 години
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 30 | 16 |
Praktikë | 125 | 70 |
Vlerësim | 25 | 14 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 180 |