Përshkrimi I programës
Обуката за специјалист за видео продукција и анимација е насочена кон стручно оспособување на кандидатите за совладување компјутерски вештини од областа на дигиталната пост-продукција и движечката анимација.
Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот активно да ги користи софтверите за видео продукција и анимација во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: работи со сурови фотографии, дигитално уредува фотографии, врши фото-ретуширање, изработува основни анимации, анимира објекти и ефекти, користи специјални ефекти на анимации, звучни и визуелни ефекти, изработува и монтира видео материјали, организира и архивира документи за потребите на работното место, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.
Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа и/или обезбедување на самовработување.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, практична изведба и на меѓународни испити.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката, ги изработи проектните задачи за Adobe After Effects CC, како и ги положи предвидените испити за Adobe Photoshop CC и Adobe Premiere Pro CC, ќе се стекне со сертификат за Специјалист за видео продукција и анимација.
Сертификатите за Adobe Photoshop CC и Adobe Premiere Pro CC се стекнуваат со положување на испите:
- Adobe Certified Associate in Visual Communication Using Adobe Photoshop, меѓународен сертификат кој е одлична оценка за владеење со апликацијата и ги потврдува вештините во визуелните комуникации користејќи ја Adobe Photoshop апликацијата.
- Adobe Certified Associate in Using Adobe InDesign, меѓународен сертификат кој е одлична оценка за владеење со апликацијата и ги потврдува вештините во печатените и дигиталните медиуми користејќи ја Adobe InDesign апликацијата.
Програмата за „Специјалист за видео продукција и анимација “ е сочинета од 3 целини:
- Растерска графика Adobe Photoshop CC во 30 часа
- Движечка графика Adobe After Effects CC во 30 часа
- Дигитално видео Adobe Pemiere Pro CC во 30 часа
конкретно за подесување параметри на програмите, организирање на документи и користење на алатки и опции за работа на проекти во секој програм соодветно.
Времетраењето на програмата е 90 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за видео продукција и анимација, вклучување на пазарот на труд и вработување во фирма или хонорарно.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно официјалната програма на Adobe и официјална литература во најноваите верзии на Adobe Photoshop CC, Adobe After Effects CC и Adobe Premiere Pro CC – Classroom in a book, The official training workbook from Adobe.
Наставата ќе се одвива во специјализирана компјутерска предавална со потребната опрема, а секој посетител работи самостојно на компјутер со потребните Adobe софтвери за дизајнирање.
Обуката ја изведуваат сертифицирани инструктори на експертско ниво во владеење на Adobe софтверите за дизајнирање.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 10 | 10 |
Praktikë | 80 | 80 |
Vlerësim | 10 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 100 |