Përshkrimi I programës
Rezultatet e programës
(Mk) реиран материјал за модулите кои ќе се изучуваат на Обуката за спасител во планина и непристапен терен, запишани кандидати за спасители во планина и непристапен терен, организирана теоретска и практична настава за потребите на обуката, како и организиран теоретски и практичен испит за учесниците на обуката.
Крајните резултати се лица обучени за спасители во планина и непристапен терен кои ќе одговараат на поставените цели на програмата, како и позитивна евалуација за обуката и наставниот кадар кој ја одржува обуката.
Од програмата се очекува да се креираат кадри кои ќе бидат на еднакво рамниште со колегите од другите земји во Европа и развиените држави во светот по стандардите на Меѓународната комисија за алпско спасување ICAR-CISA.
По завршената обука учесникот стекнува знаења, вештини и е оспособен да:
- Планира, подготвува, организира и извршува работни задачи
- Чита метеоролошки и топографски мапи
- Применува соодветни методи и техники за спасување во планина и непристапен терен
- укажување на прва помош и медицинска помош на повредено лице во дадена ситуација
- Укажува прва помош и медицинска помош на повредениот во случај на : фрактура на повредениот, нагмечување на меки ткива, исчашување, дисторзија (истегнување), набиеница (контузија), повреди на рбетниот столб, повреди на главата, трауматски шок, повреди од ниски и високи температури
- Врши евакуација на лица од жичара или гондола во случај на престанок на нивно функционирање, евакуација на лица од карпа, снег и мраз (микс терен), евакуација на лица зафатени во лавина, евакуација на лица блокирани на крошна од дрво или во шума на параглајдеристи и делтапланеристи
- Врши евакуација на лица од жичара или гондола во случај на престанок на нивно функционирање
- Применува комуникациски вештини и работа под притисок
- Познава правилник за употреба на куче трагач во лавина
- Познава процедури за евакуација на лице блокирано на жичара или гондола
- Познава процедури за извлекување на лице зафатено со лавина
- Користи рационално материјали, опрема и време за спасување во планина и непристапен терен
- Применува мерки за заштита при работа
- Развива претприемачките вештини, работи во тим и доживотно учи и се усовршува
- Познава искуства за спасувачки акции во планина и на непристапен терен од други земји
- Опишува техники на алпско скијање, турно скијање и бордање
- Познава техники за правилно сместување на повредениот во превозното средство во зависност од видот на повредата
- Опишува постапки и процедури за организирање на спасителна акција на планина и во карпа
- Почитува UIAA номенклатура за опис на алпинистичките насоки и е способен да изврши квалитетно фото и видео документирање при спасителни акции
- Опишува процедури за потрага и спасување на паднат воздухоплов
Kriteret për hyrje në programë
(Mk)
- Најниско ниво на алпинистичка квалификација кое што е потребно за да се започне со обука за спасител во планина и неристапен терен “Аспирант за aлпинист“, според Правилникот за работа на Македонската алпинистичка федерација.
- Да има завршено средно училиште.
- Да е здравствено и психофизички способен.
- Со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
- Да има уверение за положен курс по прва помош.
- Да има полиса за осигурување од осигурителна компанија.
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 50 | 20 |
Praktikë | 175 | 80 |
Vlerësim | 25 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 250 |
0 STUDENTS ENROLLED