Përshkrimi I programës
Спасител во планински пристапен терен го проучува теренот, просторот и условите на местото на настанот, планира потребна опрема, средства и алати за интервенирање во настанатата несакана ситуација. Спасител во планински пристапен терен врши прибирање и обработка на информации, за подготовка на спасителна акција. Определува потребни човечки и материјални ресурси за интервенција во дадената ситуација. Применува соодветни методи за спасување во планина на планински пристапен терен (лавинска зона, спасување во планински пристапен терен). Врши евакуација на лица од планина и пристапен планински терен. Пружа медицинска и прва помош на повредениот /а и самопомош по потреба. Врши транспорт на лицата од планина и пристапниот планински терен или лавинска зона. Изготвува понуди за извршување на работи поврзани со спасителни акции на планина и пристапен планински терен. Изработува калкулации на цените на чинење на услугите Следи промените во пошироките општествени трендови, економската клима, прашањата околу животната средина, здравството и технолошкиот развој. Спасител во планински пристапен терен познава номенклатура на Меѓународната асоцијација на алпинистичките и планинарските федерации на светот (UIAA- Union International des Alpinistic Assotiations) и на Унијата на асоцијациите на Интернационални водичи во планина (Union of International Mountain Leader Associations) за опис на планинарските патеки и е способен да изврши квалитетно фото и видео документирање при спасителни акции.
Rezultatet e programës
- Планира, подготвува, организира и извршува работни задачи
- Чита метеоролошки и топографски мапи
- Применува соодветни методи и техники за спасување во планински пристапен терен
- укажување на прва помош и медицинска помош на повредено лице во дадена ситуација
- Укажува прва помош и медицинска помош на повредениот во случај на: фрактура на повредениот, нагмечување на меки ткива, исчашување, дисторзија (истегнување), набиеница (контузија), повреди на рбетниот столб, повреди на главата, трауматски шок, повреди од ниски и високи температури
- Применува комуникациски вештини и работа под притисок
- Познава правилник за употреба на куче трагач во лавина
- Познава процедури за извлекување на лице зафатено со лавина
- Користи рационално материјали, опрема и време за спасување во пристапен планински терен
- Применува мерки за заштита при работа
- Развива претприемачките вештини, работи во тим и доживотно учи и се усовршува
- Познава искуства за спасувачки акции во планина и на пристапен планински терен од други земји
- Познава техники за правилно сместување на повредениот во превозното средство во зависност од видот на повредата
- Опишува постапки и процедури за организирање на спасителна акција на планина и во пристапен планински терен
- Почитува UIAA и UIMLA номенклатура за опис на планинарските патеки и е способен да изврши квалитетно фото и видео документирање при спасителни акции
- Опишува процедури за потрага и спасување на паднат воздухоплов
Kriteret për hyrje në programë
- Да има завршено обука за движење и престој во планина спроведена од страна на Македонската асоцијација на интернационални водичи на планина или да поседува најмалку назив Аспирант за интернационален водич во планина од Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина (за кандидатот кои го стекнале своето образование надвор од Република Македонија, потврда за степенот на едукација треба да се добие од соодветниот национален орган во државата каде што е стекната лиценцата интернационален водич во планина).
- Да има завршено средно училиште.
- Да е здравствено и психофизички способен.
- Со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
- Да има уверение за положен курс по прва помош.
- Да има полиса за осигурување од осигурителна компанија.
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 50 | 20 |
Praktikë | 175 | 80 |
Vlerësim | 25 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 250 |