Përshkrimi I programës
Програмата Шминкер има за цел обука на возрасни лица за стекнување на знаења и вештини за занимање од областа на шминкерството.
Основа за изработка на програмата е стандард на занимање Шминкер
Реализацијата на програмата е преку теоретски часови, практична обука и проверка на знаењата и вештините на учесниците. Теоретскиот дел се реализира во соодветно опремена училница/кабинет, а практичната обука се реализира во козметички салон опремен според барањата на стандардите за вршење на дејноста.
Оценување и вреднување на постигањата на секој учесник во програмата ќе се изведува тековно и на завршен испит.
Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат за Шминкер и ќе биде оспособен за самостојно организирање на простор и работа, изведба на индивидуална, целна и специјална шминка, примена на деловна комуникација со клиенти, водење евиденција и подготвување пресметки за работата, познавање правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и почитувње работна етика и морал, применување на санитарно технички норми за заштита на животната и работната средина и интерес за напредување во професијата.
Програмата Шминкер нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивои на квалификации од областа на козметиката.
Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 80 часа се стручна теорија, а 17О часа се практична обука во реални работни услови. Термините во кои ќе се реализира програмата се договараат со учесниците.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 80 | |
Praktikë | 170 | |
Vlerësim | ||
Numri I përgjithshëm I orëve | 250 |