Опис на програма

Главна цел на програмата Ракувач со CNC машина е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за правилно и безбедно управување со повеќе различни видови на СNС машини, безбедно и правилно користење на опремата при изработката на различните делови, склпови и потсклопови,  почитување на безбедноста и користење на зачтитна опрема при работа со СNС машини.

Учесникот во програмата ќе стекне вештини и знаења, односно ќе биде способен за:

  • Планирање и организирање работа, самостојно и во тим
  • Подготвување на услови за работа
  • Ракување со управувачка единица на CNC машина
  • Ракување со машински управувачки панел од управувачката единица
  • Управување со ЦНЦ-струг
  • Управување со ЦНЦ-глодалка
  • жСледење и контролирање на работењето на машината за обработка и по потреба интервенирање во производниот процес
  • Означување на полупроизводи и производи
  • Работење според пазарните законитости
  • Водење работна документација
  • Обезбедување квалитетни услуги и извршени работи
  • Користење стручна литература и упатства за квалитетно извршување на работата
  • Проверување, приспособување и одржување на опремата, машините, уредите и средствата што се користат во работата
  • Комуницирање со соработниците и клиентите, со почитување на деловните принципи
  • Применување на мерки за лична заштита
  • Применување на мерки за заштита на околината

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат Ракувач со CNC машина.

Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во просториите на Отворениот граѓански универзитет под менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира во компании преку вежби. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.

По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Ракувач со CNC машина“.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

Учесниците да имаат завршено минимум средно образование и да се постари од 17 години, односно средно стручно образование од машинска или сродна струка, занимање или било кое друго средно образование Учесникот во програмата треба да поседува уверение дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 140 70
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support