Опис на програма

Главна цел на програмата „АРГОН ЗАВАРУВАЧ“е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за постапката уреди и опрема за МИГ заварување, параметрите за МИГ заварување и техниката на работа, улогата на заштитниот гас, постапката уреди и опрема за ТИГ заварување, параметрите за ТИГ заварување и техниката на работа, примена на мерки за заштита при работа, пружање на прва помош вослучајнаповредаилидугвиднанезгода и навремена евакуација во случајна опасност, правилен избор на потребниот алат и прибор и инструменти за работа, ракување со опремата, практична употреба и работа со алатките, опремата, инструментите и др..

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „АРГОН ЗАВАРУВАЧ“.

Времетраењето на програмата е 3 месеци со вкупно 250 часа од кои 75 часа теоретска обука, 160 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиоти практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен обучувач, а практичната обука на терен во индивидулани механичарски работилници, работни организации и други институции и организации кои вршат услуги со заварување. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност„АРГОН ЗАВАРУВАЧ“.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:  
  • ја планира, подготвува, изведува и контролира сопствената работа;
  • рационално ја користи опремата, орудијата и алатите;
  • го штити здравјето и околината;
  • комуницира со соработниците, стручните служби и со странките;
  • толкува стандарди од областа на заварувањето;
  • ги познава своитеправа, обврски, одговорности;
  • ракува со уредите за МИГ заварување;
  • избира параметри за МИГ заварување;
  • заварува цевки со МИГ заварување со различна дебелина на зидот;
  • ракува со уреди за ТИГ заварување;
  • заварува лимови без додатен материјал;
  • заварува лимови со додатен материјал;
  • заварува цевки со ТИГ постапка;
  • води правилна евиденција за извршените работи;
применува мерки за заштита при работа и пружање на прва помош во случајна повреда или друг вид на незгода и навремена евакуација во случај на опасност.

Критериуми за влез во програмата

Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и да се постари од 17 години. Потребни се предходни знаења блиски до машинската струка.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 160 64
Оценување 15 6
Вкупен број на часови 250

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support