Опис на програма
Оваа програма е од модуларен тип со вкупно времетраење од 2,5 месеци, односно, 10 недели со 8 часа едукативни активности неделно ( со можност овие 8 часа да бидат поделени и на пократки сесии со времетраење од: 1 х 8 часа, 2 х 4 часа или 4 х 2 часа неделно). Програмата има за цел да им помогне на (ново)вработените во Индустријата на производи со висок степен на продажба и ‘обрт’ (таканаречената FMCG, односно, Fast-Moving-Consumer-Goods индустријата), соодветно да ја согледаат улогата и активностите на Теренските Унапредувачи на Продажбата, и да се стекнаат со неопходните вештини за работење на оваа позиција (на пр. вештините на соодветна комуникација, преговарање, продажба итн).
По завршување на програмата, учесниците ќе полагаат завршен испит; Оние учесници кои ќе го положат тестот, ќе се стекнат со соодветен сертификат.
Со стекнатите вештини, учесници на програмата треба да бидат препознаени како кандидати со соодветни компетенции од областа на малопродажбата.
Исто така, стекнувањето на овие вештини е и потенцијална можност за кариерно надополнување.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 43 | 43 |
Пракса | 55 | 53 |
Оценување | 5 | 5 |
Вкупен број на часови | 105 |