Опис на програма

Програмата содржи вкупно 200 часа од кои 44 теорија, 20 проверка на знаења) и 136 пракса. Теоријата и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во Приватната образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење ,,Ванчо Прќе“ Штип додека практичниот дел ќе се спроведува во угостителски објекти, со кои установата склучува договор за соработка.
Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 17 години, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд, со афинитети кон кулинарството. Бројот на една група кандидати, зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 12 учесници. Можни се повеќе групи, имајќи предвид дека е можна реализација на програмата во повеќе работни смени во текот на денот.
Целите на програмата се кандидатите да стекнат знаења и вештини од областа на кулинарството: запознавање со опремата во кујната, нејзино одржување и намена, одржување лична и хигиена на кујната и начини и методи на дезинфекција, препознавање на најчестите видови месо користени во угостителските објекти во Македонија, нивна класификација, подготовка и примена во готварството; познавање на најчесто употребуваните зачини, нивната намена и користење во готварството; познавање од најчестите растителни производи, нивно значење за здравата човечка исхрана, нивна подготовка и примена во кулинарството; познавање на начинот на составување на листи на јадења и менија во угостителските објекти; основни знаења од главните нормативни акти и неопходната стручна терминологија; разликување на најчесто служените риби, познавање на начините за нивно приготвување, употреба на најчесто користените рибни производи; подготвување на најчесто служените ладни и топли предјадења и главни јадења, сосови, супи, чорби и потажи;
Програмата ќе биде организирана во 9 модули и по секој модул ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен финален испит (тест и демонстрација) пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат. На крајот од програмата учесниците ќе бидат способни да ја користат и одржуват опремата во кујната, да вршат лична хигиена и хигиена на работното место, да препознаваат најчести видови меса користени во

Резултати од програма

По завршување на обуката за готвач во угостителски објекти кандидатите треба да бидат оспособени да: 1. планираат, подготвуваат и изведуваат работи во кујните на угостителските објекти; 2. вршат проверка на квалитетот на извршената работа; 3. објаснуваат видови кујни и кујнски одделенија; 4. класифицираат персонал по кујнските одделенија; 5. разликуваат крупен и ситен инвентар во кујната; 6. применуваат готварска терминологија; 7. разликуваат видови меса и нивните составни делови; 8. транжираат видови меса; 9. разликуваат видови зачини; 10. составуваат листи на јадења и мени карти; 11. применуваат во практика подготовка на салати од: свеж, варен и конзервиран зеленчук; 12. применуваат разни видови производни процеси за подготовка на варива и гарнири од варен, пржен, динстан и пасиран зеленчук; 13. приготвуваат бистри супи, чорби и потажи; 14. применува техники при подготовка на топлите предјадења од јајца, тесто и зеленчук; 15. применуваат во практика подготвување на поедноставни ладни предјадења; 16. користат техники и процеси за приготвување ладни и топли сосови; 17. применуваат во практика термичка обработка на риби; 18. користат различни техники и процеси за приготвување на готвени јадења од мелено, говедско, телешко, свинско, овчко, јагнешко и пилешко месо; 19. користат техники и процеси за печење на говедско, телешко, прасечко, свинско, овчко, јагнешко и пилешко месо; 20. приготвуваат материјал за приготвување меса печени на скара 21. користат различни техники и процеси за приготвување меса печени на скара; 22. познаваат гастрономски трендови во кулинарството; 23. применуваат прописи за заштита при работа, заштита на животната средина и ХАЦЦП стандарди; 24. развиваат одговорност при работата и интерес за доживотно учење.

Критериуми за влез во програмата

Учесниците треба: - да достават прилог за завршено образование ( да имаат завршено најмалку основно образование ) - да достават уверение за државјанство ( да бидат државјани на Р. Македонија ) - да достават извод од матична книга или лична карта (да не бидат помлади од 17 години ) - да достават потврда од агенцијата за вработување дека да се невработени

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 44 22
Пракса 136 68
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support