Опис на програма

Програмата “Готвач во угостителски објект” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на готварството. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на готвење.

Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање), практични методи(пракса- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти ипракса- вежби.

Структурата на програмата за “Готвач во угостителски објект” е следна:

  • теорискиот дел,
  • пракса и
  • проверка на постигањата на кандидатите (оценување).
  1. Теорискиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство
  2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професори ментори со повеќегодишно работно искуство.
  3. Третиот дел од програмата за готвач во угостителски објект е проверка на постигањата на кандидатите или оценувањето.

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Готвач во угостителски објект.

Времетраењето на програмата е 3 месеци или 12 недели или 200 часа.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.

Резултати од програма

По завршување на обуката кандидатот ќе биде способен да:
  • познава и разликува поим кујна и видови кујни
  • препознава процеси за приготвување на јадењата
  • објаснува карактеристики на кујната
  • објаснува карактеристики и презентира производи од растително и животинско потекло кои се користат во кујните.
  • разликува видови инвентар во кујната
  • применува видови јадења за свечени приеми, коктел партии, шведски маси
  • применува и приготвува јадења за ала-карт работење во ресторанот
  • развива навики за работа и работно време во ресторан
  • опишува начинот на подготовка на фондовите и сосовите
  • опишува начинот на подготовка на супи и додатоци за супа и фондовите и сосовите.
  • опишува готвени јадења, јадења по порачка и печења
  • опишува едноставни ладни и топли предјадења.
  • опишува видови ладни и топли предјадења.
  • презентира и опишува видови сирења
  • опишува десерти и пецива
  • развива хигиенски навики и ги координира со кујната
  • развива работни навики и позитивни ставови кон угостителско-туристичката дејност.

Критериуми за влез во програмата

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од која било струка). Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 45 30
Пракса 135 60
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support