Опис на програма

Програмата “Готвач гастроном – напредно ниво” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на готварството. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите зголемување на нивото на постоечки знаења при организацијата и реализацијата на технолошкиот процес на готвење.

Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање), практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку  следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти ипрактична работа- вежби.

Структурата на програмата за “Готвач во угостителски објект” е следна:

  • стручно-теоретски дел,
  • практична работа и
  • проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
  1. Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство
  2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професори ментори или готвачи со повеќегодишно работно искуство.
  3. Третиот дел од програмата за готвач во угостителски објект е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

 

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Готвач гастроном- напредно ниво.

Времетраењето на програмата е 4 месеци или 16 недели или 180 часа.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.

Резултати од програма

После завршување на обуката за Готвач гастроном – напреднониво кадидатот е способен да:
  • подготвува и организира колективна работа во кујната
  • применува и управува со процесот на работа во кујна
  • применува мерки за рационално користење на струјата, материјалот и времето
  • пополнува и изготвува работна документација со користење информациско кумуникациски средства
  • применува комуникација со корисници на услуги на еден странски јазика и знае да комуницира со соработници применувајки ги принципите на работна култура
  • користи пропишана работна облека
  • составува листа на јадења и менија за редовни и вонредни оброци
  • подготвителни работи во кујната
  • подготвува прехрамбени продукти за финализирање на различни видови готварски производи
  • приготвува прехранбени продукти ѕа финализирање на различни видови готварски производиредовни и вонредни оброци
  • сервира, декорира и испорачува јадења во соодветни садови
  • води и ажурира евиденција за работата во кујната
  • работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работа и услуги
  • користи менаџерски функции и ги применува во праксата
  •  користи стандарди и системи за работа во кујна
  • подготвува редовни и вонредни оброци и јадења за нив
подготува јадења според посебни стандарди, барања и  современи текови

Критериуми за влез во програмата

Влез во програмата за кандидатите
  • Завршено минимум основно образование со навршени 15 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 16
Пракса 125 70
Оценување 25 14
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support