Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на плетени производи, како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска и практична обука и води до стекнување сертификат “ изработувач на рачно плетени производи ”.
Програмата се состои од три модули – плетење со 1 игла, плетење со 2 игли, плетење јазли – макраме, со кои се стекнува еден сертификат
Времетраење на програмата е 240 часа, од кои 24 часа теорија, 196 часа практична обука и 24 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се одвива во училница, а практичниот дел во просториите на студиото од понеделник до петок.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува во текот на обуката и на крајот на модулот. По успешно завршување на трите модули учесниците се стекнуваат со сертификат “ изработувач на рачно плетени производи ” .
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 24 | 10 |
Пракса | 192 | 80 |
Оценување | 24 | 10 |
Вкупен број на часови | 240 |