Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на рачно везени производи, како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска и практична обука и води до стекнување сертификат “  изработувач на рачно везени производи ”.

Програмата се состои од четири модули – везење по шема, везење по цртеж, везење со броење жици и везење монистра, со кои се стекнува еден сертификат

Времетраење на програмата е 250 часа, од кои 24 часа теорија, 202 часа практична обука и 24 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се одвива во училница, а практичниот дел во просториите на студиото.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува во текот на обуката и на крајот  на секој модул. По успешно завршување на четирите модули учесниците се стекнуваат со сертификат “ изработувач на рачно везени производи ” .

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен  правилно да работи со игла и конец, рамномерно да везе на разни материјали везови според дадена шема, да пресликува и везе по цртеж, да изработува везови со броење жици, да везе монистра  да усогласува бои, да употребува разни рачни бодови и да ги усогласува според одредени барања, да избира соодветен материјал, да ги завршува везените изработки, да поправа полесни грешки, со што ќе може да конкурира на пазарот на трудот

Критериуми за влез во програмата

Учесникот не мора да има предходни знаења, да има завршено најмалку основно образование, да има наполнето 15 години. Предност ќе биде ако има познавање за шиење за целосна изработка на носливи, употребливи предмети      

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 10
Пракса 80 80
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support