Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на рачно везени производи, како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска и практична обука и води до стекнување сертификат “ изработувач на рачно везени производи ”.
Програмата се состои од четири модули – везење по шема, везење по цртеж, везење со броење жици и везење монистра, со кои се стекнува еден сертификат
Времетраење на програмата е 250 часа, од кои 24 часа теорија, 202 часа практична обука и 24 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се одвива во училница, а практичниот дел во просториите на студиото.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува во текот на обуката и на крајот на секој модул. По успешно завршување на четирите модули учесниците се стекнуваат со сертификат “ изработувач на рачно везени производи ” .
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 10 | 10 |
Пракса | 80 | 80 |
Оценување | 10 | 10 |
Вкупен број на часови | 250 |