Опис на програма

Кандидатот ќе се оспособи да спојува, свива и сече цевки, да спојува цевки со цевни елементи и цевна арматура, открива дефекти и отстранува дефекти, да врши испитување и контрола на водоводни инсталации, да монтира водоводни инсталации според техничка документација.
Обуката се организира и реализира во училниците и работилниците на училиштето.
При разработката на стручната теорија се води сметка за индивидуалните можности и способности на кандидатите. Стручната теорија се реализира преку активни методи. Училницата е опремена со табла, видео бим потребните наставни нагледни материјали за демонтрација.
Вештините потребни за занимањето практично се вежбаат преку планирани вежби во училишната работилница.
Вежбите за практична обука се осмислени така да се последователен след, условеност и корелација со сознанијата кои кандидатите ќе ги стекнат со стручната теорија.
Опремата одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции.
При реализација на обуката се ангажираат и надворешни соработници за поуспешна реализација на истата.
Кандидатите за време на обуката континуирано се следат во постигањето на целите од страна на обучувачите преку писмена и практична проверка. Резултатите од проверките се евидентираат во соодветни листи за вреднување за секој кандидат.
По успешното завршување на сите теми се смета дека кандидатот успешно ја завршил обуката.
Вреднувањето на стекнатите компетенции се врши во три нивоа: високо,средно и ниско кое се внесува во листите за вреднување.Тоа се врши во текот на целата обука и за секоја тематска целина пооделно.

Резултати од програма

Кандидатот: -ги применува мерките за заштита и безбедност при работа со водоводни инсталации согласно законските прописи и правилниците за заштита при работа -планира подготовка на работниот процес -ги познава и разликува особините на основните технички материјали -ја познава меѓусебната зависност на основните големини кај флуидите -ги применува мерните уреди -ги познава особините на видовите цевки кај водоводните инсталации -ја познава цевната арматура -ги познава водоводните мрежи -ја разбира работата на цевководите -самостојно спојува цевки и други елементи кај цевководите -монтира водоводна инсталација -врши заштита на цевките -ги испитува и одржува цевките, цевната арматура, склоповите и подсклоповите кај водоводните цевководи

Критериуми за влез во програмата

Завршено основно образование и возраст најмалку од 18 години Завршено тригодишно образование и возраст најмалку од 18 години Завршено четиригодишно образование и возраст најмалку од 18 години Дополнителни услови не се бараат.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80 29
Пракса 180 66
Оценување 13 5
Вкупен број на часови 273
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support