Опис на програма
Кандидатите после успешно завршената програма ќе се стекнат со знаења и вештини и ќе бидат оспособени да изработуваат едноставни типови на пецива. Кандидатот ќе се оспособи да подготвува едноставни теста за пецива, да подготвува фил и да филува одредени пецива и да асистира во печење.
Исто така,кандидатите ќе се стекнат со основни познавања за HACCP стандарди, складирање на суровини,пакување на готови производи, употреба на машини и апарати за изработка на пекарски производи.
Кандидатите за време на обуката континуирано се следат во постигањето на целите од страна на обучувачите преку писмена и практична проверка. Резултатите од проверките се евидентираат во соодветни листи за вреднување за секој кандидат.
По успешното завршување на сите теми се смета дека кандидатот успешно ја завршил обуката.
Вреднувањето на стекнатите компетенции се врши во три нивоа: високо,средно и ниско кое се внесува во листите за вреднување.Тоа се врши во текот на целата обука и за секоја тематска целина пооделно.
Резултати од програма
- подготвува суровини за производство на пекарски производи;
- изработува производи од рецептури;
- дозира, меша и обработува тесто;
- евидентира и оценува произведени пекарски продукти;
- ракува и одржува пекарски уреди и машини;
- развива одговорност при работа и интерес за учење.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 75 | 30 |
Пракса | 150 | 60 |
Оценување | 25 | 10 |
Вкупен број на часови | 250 |