Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за занимањето масер за лице и тело во салон за масажа.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање масер. Потребните знаења, вештини и компетенции за занимањето масер за лице и тело во салон за масажа ќе се стекнат преку теоретски содржини кои ќе се реализираат во опремена просторија и практична обука, која ќе се реализира во салон за масажа или козметички салон. Програмата дава можност учесникот во програмата да стекне знаења, вештини и компетeнции со кои ќе може да ja организира сопствената работа, да го подготвува салонот и клиентот за масажа, да советува клиенти за одредена масажа, да подготвува и изведува масажа, да комуницира со клиентите, да го познава физиолошкото дејство на масажата и индикациите и контраиндикациите, да ги користи и одржува апаратите и опремата, да познава ефектите од примената на одделен вид масажа, да применува професионални апарати и препарати при изведување на масажа, да применува хигиено-технички мерки за лична и работна хигиена, асепси, антисепси и стерилизации, да ги познава правата и обврските од работен однос, отварање и водење на сопставен бизнис, да води да води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, да води грижа за здравјето и околината, да води евиденција и изготвува пресметка за извршената работата.

Времетраењето на програмата вкупно е 250 часа, од кои за теорија се 75 часа, практична обука се 150 часа и 25 часа за оценување.

Вреднувањето на постигнувањето на учесникот се спроведува тековно и по завршување на теоретскиот и практичниот дел на обуката со проверка на стекнати знаења, вештини и компетенции.

По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со сертификат „Масер за лице и тело“.

Резултати од програма

  По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:
  • планира и организира работа и квалитено да ги исполнува работните обврски;
  • применува основни принципи за подготовка на клиентите и материјалот за предвидените манипулации;
  • изведува основни техники и зафати за масажа: релакс масажата, антицелулитна масажа, лимфна дренажа, традиционална масажа ;
  • препознава сакани и несакани ефекти од примената на одделен вид масажа;
  • применува мерки за лична заштита и заштита на клиентите и околината;
  • работи тимски;
  • комуницира со корисниците на услугите и користи соодветни информациско-комуникациски средства
  • развива претприемачките вештини.

Критериуми за влез во програмата

  Завршено средно образование и возраст над 17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 150 60
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support