Опис на програма

Заеднички модули (теорија+пракса):

1. Агрохемија и исхрана на растенијата (6 часа + 4 часа) = 10 часа
2. Почва (6 часа + 4 часа) = 10 часа
3. Хранливи материи и вештачки ѓубрива (12 часа + 8 часа) = 20 часа
4. Органска матрија и органски ѓубрива (8 часа + 6 часа) = 14 часа
5. Ѓубрење на површини за органско производство (6 часа + 4 часа) = 10 часа
6. Машини за ѓубрење (6 часа + 4 часа) = 10 часа
7. Легислативa и Добра земјоделска пракса (ДЗП) (6 часа + 4 часа) = 10 часа
8. Обука на терен (пракса 32 часа) = 32 часа

* Технички модули:
9. Ѓубрење на поледелски култури (12 часа + 16 часа) = 28 часа
10. Ѓубрење на градинарски култури (10 часа + 12 часа) = 22 часа
11. Ѓубрење на лозови насади (12 часа + 16 часа) = 28 часа
12. Ѓубрење на овошни насади (10 часа + 12 часа) = 22 часа

Вкупно теоретски часови, практични часови и оценување (94 часа + 122 + 14 часа)= 230 часа

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат НАНЕСУВАЧ НА ЃУБРИВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО.
Времетраењето на програмата е 230 часа од кои 94 часа теоретска обука, 122 часа се практична обука во реални работни услови и 14 часа оценување. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската и практична обука ќе се врши во училници, а теренската практична обука на посебни површини.
Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и сите технички модули ќе има вкупно 230 часа обука и ќе добие сертификат за Нанесувач на ѓубрива во земјоделско производство.
Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и еден од техничките модули ќе има вкупно 138 до 144 часа обука и во зависност од техничкиот модул ќе се стекне со еден од следните парцијални сертификати:
– Нанесувач на ѓубрива во поледелско производство
– Нанесувач на ѓубрива во градинарско производство
– Нанесувач на ѓубрива во лозарско производство
– Нанесувач на ѓубрива во овоштарско производство
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка. При целосна реализација на сите модули проверката на знаење ќе се спроведе преку завршен испит со кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. На крајот од обуката, учесниците се стекнуваат или со парцијален сертификат (138 до 144 часа) или со целосен сертификат (230 часа) за работна оспособеност НАНЕСУВАЧ НА ЃУБРИВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО.

Резултати од програма

Учесникот ќе биде способен да: • Применува современи практики во употребата на ѓубрива во земјоделското производство; • Води грижа одржување на плодноста на почвата со употреба на органски ѓубрива; • Применува Добра земјоделска пракса во ѓубрењето на земјоделските површини; • Користи ИКТ апликации за ѓубрење на културите со сооветни ѓубрива и количини хранливи материи; • Заштита на природните ресурси во агросферата: почва, вода, воздух, растителен и животниски

Критериуми за влез во програмата

Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и да се постари од 18 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 94 41
Пракса 122 53
Оценување 14 6
Вкупен број на часови 230
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support