Опис на програма
Програмата “Советувач во училиште” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на психо-социјално советување. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: применува вештини од областа на советување со лица кои се соочуваат со проблеми во училиште поврзани со учениците, да комуницира со учениците, да соработува со наставниците и родителите, да пренесува знаења, да презентира и подучува во група за теми од училишниот животот, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците практична примена на стекнатите вештини, полесно снаоѓање на работните места и ќе ги зголемат професионалните компетенции.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана интерактивност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Советувач во училиште” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, индивидуални сесии со тренер и проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од Комората на психолози на РМ како и од европски сертификат од евроски тренинг инситут.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за СОВЕТУВАЧ во училиште.
Времетраењето на програмата е 100 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа.
Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: применува вештини од областа на советување со ученици, наставници и родители, да комуницира, да соработува со наставниците и родителите, да пренесува знаења, да презентира и подучува во група, да учи доживотно и да се усовршува.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 30 |
Пракса | 60 | 60 |
Оценување | 10 | 10 |
Вкупен број на часови | 100 |