Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне компетенции за примена на основните техники за изработка на надградба и декорација на нокти како и правилно да го користи потребниот алат, прибор и препарати.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат за надградба и декорација на нокти.
Времетраењето е 1 (еден) месец или 20 дена или 100 часа вкупно. Програмата се изведува 5 пати неделно по 5 часа или вкупно 25 часа неделно.
Резултати од програма
По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:
- идентификува средства за надградба на нокти,
- разликува методи за одредување на типот на надградба на ноктите,
- да го индентификува и правилно да го користи приборот и средствата за работа,
- избира средства за декорација на нокти,
- ги изведува основните техники на нанесување на гел,
- применува техники за обликување на нокти,
- декорира ноктена плоча,
- oдржува и отстранува надградба на нокт,
- развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење.
Критериуми за влез во програмата
Основно ниво на образование: основно образование и возраст од над 15 години.
Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 15 | 15 |
Пракса | 80 | 80 |
Оценување | 5 | 5 |
Вкупен број на часови | 100 |
0 STUDENTS ENROLLED