Опис на програма
Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот за работа со шминка, да ги препознава препаратите кои се користат за шминкање и правилно да ги применува, идентификување на приборот и правилна примена на истиот, распознавање на боите и типовите на луѓе и стилот.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат за шминкер
Времетраењето е 6 (шест) недели или 18 дена или 54 часа вкупно. Програмата се изведува 3 пати неделно по 3 часа или вкупно 9 часа неделно. Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви како филмска и сценска шминка и специјални ефекти.
Резултати од програма
По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:
-идентификува средства за нега на кожа,
-разликува методи за одредување на статусот на кожата,
-да го индентификува и правилно да го користи приборот и средствата за работа,
-избира средства и алат за шминкање,
- ги изведува основните техники на нанесување бела козметика,пудри,сенки и бои,
- изврши анатомска поделба на лицето и негова визуелна корекција,
- применува техники за обликување веѓи,
-исто така оспособен е и за фиксирање на пудра,
-развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење.
Критериуми за влез во програмата
Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години.
Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 15 | 15 |
Пракса | 75 | 75 |
Оценување | 10 | 10 |
Вкупен број на часови | 54 |
0 STUDENTS ENROLLED