Опис на програма
Програмата се заснова на стандардите потребни за сaмостојно извршување на работите и работните задачи оџачар, во непосредно учество во спроведување на мерките за заштита од пожар, спречување на настанување на пожар и експлозии, локализирање и гасење на пожари од запалени оџаци, спасување на имоти и лица загрозени од пожар од запалени оџаци, чадоводни објекти, котли за централно греење, печки за загравање и ложење на тврдо, течно и гасовито гориво.
Програмата е со дво месечно времетраење, или 200 часа, а се состои од тематски целини со стручно теоретски основи и практична обука. Теоретските основа се реализираат во опремени училници/кабинети, а практичната обука во вежбални, кабинет, полигон за вежбање и во реални услови.Практичната обука и вежбите се во функција на оспособување на учесникот за непосредно учество во чистење на оџаци, чадоводните објекти и уредите за вентилација, чистење на печки за ложење на тврди, течни и гасовити горива, за воочување на појавите и промените во работата на оџаците, одводните канали, печки, да применува професионална комуникаци со луѓе и институции, тимски да работи и доживотно да учи и усовршува .
По завршувањето на програмата учесниикот полага завршен испит пред комисија, а по успешното завршување на испитот се стекнува со Сертификат за стручна оспособеност Оџачар.
Програмата дава можност за вертикално напредување во занимањето.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 25 | 25 |
Пракса | 70 | 70 |
Оценување | 5 | 5 |
Вкупен број на часови | 200 |