Опис на програма
Програмата се заснова на стандардите 5411 (дадени во Национална класификација на занимањата, државен завод за статистика 2011), потребни за сaмостојно извршување на работите и работните задачи пожарникар, во непосредно учество за спроведување на мерките за заштита од пожар, спречување на настанување на пожар и експлозии, локализирање и гасење на пожари, спасување на имоти и лица загрозени од пожар и елементарни непогоди.
Времетраењето на програмата е со шест месеци, или 750 часа.
Програмата е структурирана по тематски целини со стручна теоретска настава и практична обука.
Теоријата се реализира во опремени училници/кабинети, а практичната обука во вежбални, кабинет, полигон за вежбање и во реални услови во единицата за противпожарна заштита.
Практичната обука и вежбите се во функција на оспособување на учесникот за непосредно учество во гасење на пожари, спасување на луѓе и материјални добра, давање на дневни извештати за настаните, појавите и промените за кои се води евиденција, да применува професионална комуникаци со луѓе и институции, тимски да работи и доживотно да учи и усовршува .
По завршувањето на програмата учесниикот полага завршен испит пред комисија, а по успешното завршување на испитот се стекнува со Сертификат за стручна оспособеност за пожарникар по верификувана програма.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 200 | 27 |
Пракса | 520 | 69 |
Оценување | 86400 | 30 |
Вкупен број на часови | 750 |