Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да се стекнесо знаења, вештини и компетенции за занимањето педикир и маникир, со кои ќе може самостојно да ја планира и организира работата и работните задачи, комуницира со клиенти и со деловни партнери, работи во тим за изведување на различни техники на педикир- маникир, обликува нокти на раце и нозе, врши декорација и разни техники на надградба на нокти, нега на стапала, нега на нокти на нозете, користи професионални апарати и производи, применува хигиено-технички мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, води контрола на извршените услуги, познава права и обврски од работен однос, отвори и воде сопствен бизнис, води евиденција и изготвува пресметка за извршената работата.
Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани опремени простории на Приватна образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штиппод менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира во козметички салон опремен со потребниот алат и прибор за маникир и педикир. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секојмодул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.
По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Педикир и маникир“.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

Учесниците во програмата потребно е да се постари од 17 години и да имаат завршено минимум основно образование. Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област. Учесникот во програмата треба да поседува уверение дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60
No instructions found !
Пракса 140
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support