Опис на програма

Преку програмата претприемачки вештини, се добиваат практични алатки кои се потребни за успешно водење на бизнисот. Оваа се остварува без оглед на фактот дали се: изградува сопствен бизнис од почеток, вложуваат  финансиски средства во деловни потфати, остварува  заработка од бизнис вложување и активност. Во сите овие состојби претприемачките вештини и знаења се клучни за остварување на амбициите. Преку едукацијата се добиваат реални ресурси за водење на комплетниот циклус во развој на компанијата. Се тргнува од почеток: разработка на почетната  идеја, примена на потребните технологии и истражувања па се до креација на акциона страгегија, маркетинг и продажни активности, партнери и инвестиции и менаџирање со компаниските ресурси. Со зголемување на перформансите на компанијата а со тоа и нејзината профитабилност, се зголемува потребата за брзи прилагодувања на пазарот. Затоа се потребни деловни инструменти  и вештини за реагирање кон промените со цел да се контролира растот на компанијата. Едукацијата преку оваа програма на учесниците им овозможува: започнување и водење на сопствен бизнис, претприемачки и деловни вештини, маркетинг и организација на маркетингот, продажбата и организација на продажбата, финансии и инвестиции, планирање на менаџментот и организацијата на луѓето во колективот, водење на проекти, развој на лични вештини (преговарање, лидерство, правилно донесување на одлуки во деловното опкружување), употреба на компјутерската технологија и странски јазик во деловна насока. Преку стекнатите знаења учесниците со своите деловни вештини се вклопуваат во било кој работен колектив или пак започнуваат сопствен бизнис. Во наставата која непосредно се применува за реализација на програмата се користат активните методи за учење на возрасните. Наставата и наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Во наставата се користат сите современи нагледни и едукативни средства преку кои се постигнуваат потребните резултати.

Резултати од програма

Учесниците преку целата програма  глобално се стекнуваат со можност за комбинација на едукативни компоненти кои се вклучени низ целиот процес кои можат да се поделат соодветно според посочените модули во програмата. Резултатите од првиот модул, Претприемач, претприемнички компетенции и претприемнички процес По завршувањето на овој модул учесникот ќе биде способен да го направи следното:
  • Ги знае основите на претприемништвото и претприемничките компетенции,
  • Го разбира претприемничкиот процес,
  • Ги дефинира и опишува видовите деловни потфати,
  • Ги разликува начините за создавање на бизнис идеја,
  • Ја анализира креативноста и иновацијата во организацијата и нивната примена,  
  • Го разбира, опишува и дефинира лидерството,
  • Ги разбира основите на социјалното претприемништво,
  • Ги дефинира и опишува карактеристиките на претприемачот.
  Резултатите од вториот модул, Претприемач и околина По завршувањето на овој модул учесникот ќе биде способен да го направи следното:
  • Ја дефинира и разбира структурата и дизајнот на компанијата,
  • Ја знае примената и начините на управување со односите помеѓу клиентите,
  • Ги разбира правните аспекти на деловниот потфат,
  • Ја опишува и аргументира постапката за изработка на бизнис план,
  • Ги разбира начините за создавање на стратегија за влез на пазарот,
  • Ја разбира деловната документација.
  .
  Резултатите од третиот модул, Финансиска писменост По завршувањето на овој модул учесникот ќе биде способен да го направи следното:
  • Ги знае и аргументира основите за финансирање на деловниот потфат,
  • Го разбира начинот за контролирање на трошоците,
  • Ги разбира основите на сметководствената практика,
  • Врши споредба и симлифицирана анализа на финансиските показатели врз основа на финансиските извештаи.
Резултатите од четвртиот модул, Менаџерски вештини По завршувањето на овој модул учесникот ќе биде способен да го направи следното:
  • Ги знае основите на менаџментот,
  • Ги дефинира функциите на менаџментот,
  • Го разликува фазите од животниот циклус на компаниите,
  • Го разбира процесот на менаџирање со проекти,
  • Ги разбира основите на менаџирање со човечки ресурси,
  • Го разбира маркетингот и ги анализира маркетинг информациите.
     

Критериуми за влез во програмата

Учесниците да ги исполнуваат условите во поглед на претходното задолжително образование и други лица кои се образуваат, а немаат статус на ученик.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 60
Пракса 30 30
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 144
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support