Опис на програма
Преку програмата претприемачки вештини, се добиваат практични алатки кои се потребни за успешно водење на бизнисот. Оваа се остварува без оглед на фактот дали се: изградува сопствен бизнис од почеток, вложуваат финансиски средства во деловни потфати, остварува заработка од бизнис вложување и активност. Во сите овие состојби претприемачките вештини и знаења се клучни за остварување на амбициите. Преку едукацијата се добиваат реални ресурси за водење на комплетниот циклус во развој на компанијата. Се тргнува од почеток: разработка на почетната идеја, примена на потребните технологии и истражувања па се до креација на акциона страгегија, маркетинг и продажни активности, партнери и инвестиции и менаџирање со компаниските ресурси. Со зголемување на перформансите на компанијата а со тоа и нејзината профитабилност, се зголемува потребата за брзи прилагодувања на пазарот. Затоа се потребни деловни инструменти и вештини за реагирање кон промените со цел да се контролира растот на компанијата. Едукацијата преку оваа програма на учесниците им овозможува: започнување и водење на сопствен бизнис, претприемачки и деловни вештини, маркетинг и организација на маркетингот, продажбата и организација на продажбата, финансии и инвестиции, планирање на менаџментот и организацијата на луѓето во колективот, водење на проекти, развој на лични вештини (преговарање, лидерство, правилно донесување на одлуки во деловното опкружување), употреба на компјутерската технологија и странски јазик во деловна насока. Преку стекнатите знаења учесниците со своите деловни вештини се вклопуваат во било кој работен колектив или пак започнуваат сопствен бизнис. Во наставата која непосредно се применува за реализација на програмата се користат активните методи за учење на возрасните. Наставата и наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Во наставата се користат сите современи нагледни и едукативни средства преку кои се постигнуваат потребните резултати.
Резултати од програма
Учесниците преку целата програма глобално се стекнуваат со можност за комбинација на едукативни компоненти кои се вклучени низ целиот процес кои можат да се поделат соодветно според посочените модули во програмата.
Резултатите од првиот модул, Претприемач, претприемнички компетенции и претприемнички процес
По завршувањето на овој модул учесникот ќе биде способен да го направи следното:
|
Резултатите од третиот модул, Финансиска писменост
По завршувањето на овој модул учесникот ќе биде способен да го направи следното:
|
Критериуми за влез во програмата
Учесниците да ги исполнуваат условите во поглед на претходното задолжително образование и други лица кои се образуваат, а немаат статус на ученик.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 60 | 60 |
Пракса | 30 | 30 |
Оценување | 10 | 10 |
Вкупен број на часови | 144 |