Опис на програма
рограма за развој на менаџерски и лидерски вештини кај инженерите е специјално дизајнирана програма е наменета за доедукација на инженери. Истата е развиена во склад со потребите на инженерите како возрасни ученици, нудејќи им иновативни можности за учење и стекнување нови вештини и вклучувајки ја нивната професионална позадина и искуство.
Содржината на програмата е креирана според спроведените анализи:
• Анализа на потребите и предизвиците на менаџерите инженери
• Преглед на најновите и ефикасни програми за обука
• Проверка на европските стандарди за менаџмент и лидерство.
Обуката е организирана во два модула, поделени во тематски целини (предмети).
Во модул 1, Развој на лични менаџерски вештини, постојат 3 курсеви, сите се фокусираат на развој на нови вештини на лично ниво, кои се од суштинско значење за управувањето со работното место:
1. Емоционална и духовна интелигенција,
2. Управување со времето и стресот,
3. Свесност: да се биде присутен во работата и животот.
Ќе бидат обезбедени специјални сесии еден-на-еден за секој учесник во текот на програмата, со цел да се обезбеди доволно поддршка за подобрување на личниот развој.
Во Модул 2, управувањето и водењето на паметни организации, има 5 курсеви кои ќе им помогнат на менаџерите-инженери да развијат нови менаџерски и лидерски вештини и успешно да управуваат со паметните организации:
1. Стратегиски менаџмент
2. Проектен менаџмент
3. Управување со финансии и ризици
4. Организациско однесување и лидерство
5. Маркетинг менаџмент за инженери.
Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини од областа на менаџмент и лидерство.
Времетраењето на Програмата е 225 часови.
Секој предмет ќе биде реализиран со комбинирано учење, комбинација на е-учење и учење во училница, со пристап насочен кон учесникот. Програмата е развиена врз основа на принципите на обуката за возрасни, со користење на методи и техники кои помагаат за развој на нови знаења и вештини.
Динамиката на секој предмет се состои од три дела:
– Пред курсот – учесниците ќе се подготват за темата преку е- учење (видеа, презентации и читање);
– Главен дел – во училница, во текот на еден викенд, каде што учесниците ќе се вклучат со обучувачот и нивните врсници во работилница со различни интерактивни методи на обука;
– Пост-курс – учесниците ќе ги применат своите нови знаења и вештини со е-учење (индивидуални задачи и форуми).
Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат после завршувањето на секоја тематска целина, како и на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните способности да работат како инженери менаџери. Оценувањето за секој модул ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен дел.
Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници.
Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој уесник.
Со успешно завршување на Програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат за успешно завршена Програмата за развој на менаџерски и лидерски вештини кај инженерите.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 80 | 35 |
Пракса | 125 | 56 |
Оценување | 20 | 9 |
Вкупен број на часови | 225 |