Опис на програма

Програмата дава можност учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при подигање на пчеларник, работа во пчеларско производство, примена на стандарди и контрола на производството, правилно користење на машините, опремата и алатот за работа и основите за водење на мал бизнис.

Програмата е со времетраење од два и пол месеци или 200 часа и истата се состои од стручно теоретски содржини и практична обука.  Стручно теоретските содржини се реализираат во училница / кабинет опремен со потребни нагледни средства, прибор, опрема за пчеларство и ја изведува  дипломиран земјоделски инженер или доктор по ветеринарна медицина.

Практичната обука се изведува од регистриран пчелар –практичар,  во стациониран пчеларник со учесници распределени во групи, така што им се овозможува ефективно и ефикасно да ги постигнат поставените цели од Програмата.

За време на обуката се врши формативно оценување во текот на реализацијата на тематските целини и сумативно по завршувањето на секоја тематска целина и тоа преку усна и писмена проверка и практични изведби.

По завршувањето на Програмата се полага завршен испит пред комисија со цел да се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршената проверка учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Пчелар“.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:
  • ја планира, организира, изведува и контролира зададената работа;
  • избира потребни материјали и алати за работа во пчеларникот;
  • ја познава анатомијата  и физиологијата на пчелите;
  • подига и уредува пчеларник;
  • го подготвува пчеларник и пчелни семејства за производство;
  • применува технологии за интензивно одгледување на пчели;
  • врши прибирање на природни роеви и вештачко роење на пчелните семејства;
  • врши заштита на пчели од болести и штетници;
  • произведува различни производи од пчели: мед, полен, восок, млеч, пчелин отров и др.;
  • ги применува стандардите за пакување и пуштање во промет на органски произведен мед;
  • ги применува стандардите и го контролира квалитетот на работата;
  • комуницира со колегите,  претпоставените, потрошувачите и институциите;
  • води грижа за заштита на здравјето на луѓето и околината.

Критериуми за влез во програмата

(English)

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 120 60
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support