Опис на програма

Спасителот во планина и непристапен терен  го проучува теренот, просторот и условите на местото на настанот, планира потребна опрема, средства и алати за интервенирање во настанатата несакана ситуација.Спасителот во планина и непристапен терен врши прибирање и обработка на информации, за подготовка на спасителна акција. Определува потребни човечки и материјални ресурси за интервенција во дадената ситуација. Применува соодветни методи за спасување во  планина и непристапен терен (лавинска зона,  спасување од блокирана жичара, хеликоптер, како и параглајдерист и делтапланерист). Врши евакуација на лица од планина и непристапен терен. Пружа медицинска и прва помош на повредениот /а  и самопомош по потреба. Врши транспорт на лицата од планина и непристапниот терен или лавинска зона. Изготвува понуди за извршување на работи поврзани со спасителни акции на планина и непристапен терен. Изработува  калкулации на цените на чинење на услугите Следи промените во пошироките општествени трендови, економската клима, прашањата околу животната средина, здравството и технолошкиот развој. Спасителот во планина и непристапен терен познава  номенклатура на Меѓународната асоцијација на алпинистичките и планинарските федерации на светот (UIAA- Union International des Alpinistic Assotiations) за опис на алпинистичките насоки и е способен да изврши квалитетно фото и видео документирање при спасителни акции.

Резултати од програма

реиран материјал за модулите кои ќе се изучуваат на Обуката за спасител во планина и непристапен терен, запишани кандидати за спасители во планина и непристапен терен, организирана теоретска и практична настава за потребите на обуката, како и организиран теоретски и практичен испит за учесниците на обуката. Крајните резултати се лица обучени за спасители во планина и непристапен терен кои ќе одговараат на поставените цели на програмата, како и позитивна евалуација за обуката и наставниот кадар кој ја одржува обуката. Од програмата се очекува да се креираат кадри кои ќе бидат на еднакво рамниште со колегите од другите земји во Европа и развиените држави во светот по стандардите на Меѓународната комисија за алпско спасување ICAR-CISA. По завршената обука учесникот стекнува знаења, вештини и е оспособен да:
  • Планира, подготвува, организира и извршува работни задачи
  • Чита метеоролошки и топографски мапи
  • Применува соодветни методи и техники за спасување во планина и непристапен терен
  • укажување на прва помош и медицинска помош на повредено лице во дадена ситуација
  • Укажува прва помош и медицинска помош на повредениот во случај  на : фрактура на повредениот, нагмечување на меки ткива, исчашување, дисторзија (истегнување), набиеница (контузија), повреди на рбетниот столб, повреди на главата, трауматски шок, повреди од ниски и високи температури
  • Врши евакуација на лица од  жичара или гондола во случај на престанок на нивно функционирање, евакуација на лица од карпа, снег и мраз (микс терен), евакуација на лица зафатени во лавина, евакуација на лица блокирани на крошна од дрво или во шума на параглајдеристи и делтапланеристи
  • Врши евакуација на лица од  жичара или гондола во случај на престанок на нивно функционирање
  • Применува комуникациски вештини  и работа под притисок
  • Познава правилник за употреба на куче трагач во лавина
  • Познава процедури за евакуација на лице  блокирано на жичара или гондола
  • Познава процедури за извлекување на лице зафатено со лавина
  • Користи рационално материјали, опрема и време за спасување во планина и непристапен терен
  • Применува мерки за заштита при работа
  • Развива претприемачките вештини, работи во тим и доживотно учи и се усовршува
  • Познава искуства за спасувачки акции во планина и на непристапен терен од други земји
  • Опишува техники на алпско скијање, турно скијање и бордање
  • Познава техники за правилно сместување на повредениот во превозното средство во зависност од видот на повредата
  • Опишува постапки и процедури за организирање на спасителна акција на планина и во карпа
  • Почитува UIAA номенклатура за опис на алпинистичките насоки и е способен да изврши квалитетно фото и видео документирање при спасителни акции
  • Опишува процедури за потрага и спасување на паднат воздухоплов

Критериуми за влез во програмата

  1. Најниско ниво на алпинистичка квалификација кое што е потребно за да се започне со обука за спасител во планина и неристапен терен “Аспирант за aлпинист“, според Правилникот за работа на Македонската алпинистичка федерација.
  2. Да има завршено средно училиште.
  3. Да е здравствено и психофизички способен.
  4. Со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
  5. Да има уверение за положен курс по прва помош.
  6. Да има полиса за осигурување од осигурителна компанија.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 20
Пракса 175 80
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
0 STUDENTS ENROLLED

    Instructor Details

    Повеќе програми од Македонско здружение за заштита и спасување во планина и неристапен терен - Асклепиј - Центар за образование, наука и истражување - Асклепиј
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support