Опис на програма
Програмата “Стрес менаџмент и подобра функционалност и зравје” е за сите лице над 18 години, кои имаат чувствителна структура и помала отпорност во справување со животните потешкотии, студии, работно место, во семејството или воопшто во функционирањето.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да се справи со стресни ситуации користејќи техники на самопомош, да функционира свесно, да ги смирува емоциите, да се чувствува порелаксирано и урамнотежено.
Стекнатите вештини ќе им помогнат да стекнат сигурност во себе во сопственото изложување и изразување на работата, да ги зголемат своите професионални компетенции умееат да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи и техники специфични од областа на советување и комуникација, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана и искуствена активност во текот на целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на оваа програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, проверка на постигањата на кандидатите, евалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија, сертификат од м-р по клиничка психологија.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца од Комората на психолози на РМ како и сертификат од обука на м-р по клиничка психологија.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се стекнува со сертификат.
Времетраењето на програмата е 50 наставни часа.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 15 | 19 |
Пракса | 35 | 44 |
Оценување | 30 | 37 |
Вкупен број на часови | 80 |