Опис на програма
Програмата за работа Фризер за жени им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат да организираат просторот и работата во фризерскиот салон, да разликуваат типови коса, да спроведуваат фризерски постапки во нега на косата, да комуницира со клиенти и соработници. Времетраењето на програмата е 3 месеци, односно 240 часа, од кои теорија 48 часа, пракса 168 часа и оценување 24 часа. Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во фризерски салони. Оценувањето ќе се спроведува континуирано по секоја тема во тек на обуката и на крај како завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со “ Сертификат за Фризер за жени “ по верифицирана програма. Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво за фризер
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 48 | 20 |
Пракса | 168 | 70 |
Оценување | 24 | 10 |
Вкупен број на часови | 240 |