Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при ѕидањето како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Ѕидар“.
Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 60 часа теоретска обука, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука ќе се изведува во рамките на компанија. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Ѕидар“.
Резултати од програма
- ја организира својата работа;
- ги почитува мерките за изведбата на ѕидањето;
- применува прописи за добро и квалитетно ѕидање;
- применува прописи за заштита при работа;
- применува прописи за квалитет на материјалите и на нивното користење;
- монтира и демонтира скеле следејки ги прописите за безбедност;
- ги вади и евидентира количините на употребените материјали при ѕидањето;
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 60 | 27 |
Пракса | 150 | 68 |
Оценување | 10 | 5 |
Вкупен број на часови | 220 |