Опис на програма
Резултати од програма
(Mk) По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
- ги познава потребните суровини, градежните и помошните материјали;
- прима, класифицира, складира и пресметува потребни количини материјал за изведба на монтерски работи;
- ги применува прописите и мерките за заштита при работа;
- утврдува места како можни извори за опасност при сувата градба;
- распознава конструктивни системи, елементи во зградите и конструктивни системи;
- препознава видови столбови (носиви и неносиви) и начинот на изведба;
- опишува карактеристики на ѕидовите;
- дефинира хоризонтални конструктивни елементи;
- разликува видови покриви според наклонот, обликот и материјалот;
- употребува и одржува алат, прибор и електричен алат за сува градба;
- обработува ГКБ, ги подготвува површините за обработка и лепи ГКБ на ѕидови (суво малтерисување);
- меша лепаци, смеси за фугирање и глетување;
- обложува ѕидани и бетонски ѕидови и тавани со гипскартонски плочи на метална потконструкција;
- обложува челична и дрвена носива конструкција со гипскартонски плочи на метална потконструкција;
- монтира преградни ѕидови, инсталациони ѕидови и спуштени тавани со метална потконструкција;
- изработува заоблени ѕидови;
- поставува подконструкција и обложува подкровје со ГКБ;
- организира работа во работилница и на градилиште;
- чита едноставни изведувачки цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето;
- изработува едноставни модели и шаблони;
- специфицира прибор, алат и специјални апарати за размерување и обележување.
Критериуми за влез во програмата
(Mk) Завршено минимум основно образование (гимназиско или средно стручно образование се смета за предност).
Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 75 | 30 |
Пракса | 165 | 66 |
Оценување | 10 | 4 |
Вкупен број на часови | 250 |
0 STUDENTS ENROLLED