Опис на програма
Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи, ракување со градежна механизација за површинска експлоатација .
Програмата се реализира преку повеќе активности:
- Спроведувањето на теоретската настава е во училница со современи наставни помагала со кои учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.
- Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата на градежната механизација на обезбедени локации и градилишта, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на градежната механизација.
- Тестирањата на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се преку одржување на испит. Испитот исто така се состои од теоретски и практичен дел.
- Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука.
- Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување со градежната механизација на соодветна локација, градилиште.
Целокупната програма ја спроведува тим на искусни инжинери од потребната дадена област и квалификувани, со долгогодишно работно искуство ракувачи со градежна механизација.
По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација. Програмата/сесијата за Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација е во времетрање од 3 месеци. По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции за извршување на работата Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 50 | 18 |
Пракса | 200 | 73 |
Оценување | 25 | 9 |
Вкупен број на часови | 275 |