Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне компетенции за примена на основните техники на угостителското послужување како и правилно користење на опремата и инвентарот за послужување.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат за келнер гастроном.
Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 70 часа се стручна теорија, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањено. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителско послужување (Напреден курс и Специјализиран курс).
Резултати од програма
(Mk) По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
- планира, подготвува и изведува работи во угостителските објекти;
- врши проверка на квалитетот на извршената работа;
- организира и сервира ресторанска маса за вечера или ручек по избор од листата на јадења или по утврдено мени;
- користи опрема и инвентар потребен при послужувањето на јадењата и пијалаците;
- применува во практика правила при послужување на специјални јадења во ресторанот;
- ракува со инвентар при послужување во бар;
- подготвува основни барски коктели;
- применува во практика правила при послужување на различни видови дневни оброци;
- послужува јадења и пијалаци при банкетското послужување;
- опишува организација на работата за сервирање на пулт за коктел-партија и сервирање за чајанка;
- практика применува правила за сервирање на маси за свадбен и ловен банкет;
- применува правила и сервира банкет од протокол и ладно бифе;
- презентира гастрономски правила пред гостинот;
- применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина.
Критериуми за влез во програмата
(Mk) Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 18 години.
Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 70 | 30 |
Пракса | 150 | 65 |
Оценување | 10 | 5 |
Вкупен број на часови | 230 |
0 STUDENTS ENROLLED