Опис на програма
Програмата “Келнер гастроном” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на послужувањето. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на послужување.
Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање), практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.
Структурата на програмата за “Келнер гастроном ” е следна:
- стручно-теоретски дел,
- практична работа и
- проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
- Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство
- Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професори ментори или келнер со повеќегодишно работно искуство.
- Третиот дел од програмата за Келнер гастроном е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за Келнер гастроном.
Времетраењето на програмата е 4 месеци или 16 недели или 180 часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.
Резултати од програма
- Објаснува и применува правила од стручното послужување во пракса
- Применува стручна терминологија при стручно послужување
- Објаснува за различни видови ресторани и барови
- Применува стручно послужување во простории за вршење угостителска дејност;
- Практично применува начини за приготвување, сервирање и послужување на безалкохолни пијалаци и напивки
- Извршува работни задачи согласно различни работни места во просторите за послужување;
- Практично спроведува и применува системи за послужување
- Анализира, применува и помага при изборот според а-ла-карт, утврдено мени, table d’hote, етажно послужување
- Практично применува комбинации за видови пансионски услуги.
- Практично применува куверти за специјални јадења;
- Комбинира различни видови основни барски пијалоци,
- Подготвува основни барски пијалоци,
- Послужува основни барски пијалоци
- Анализира работни места во просторите за послужување;
- Применува системи за послужување
- Практично применува куверти за специјални јадења;
- Кувертира и послужува специјални јадења
- Кувертира национални јадења и пијалаци
- Послужува различни видови оброци
- Организира банкет и други свечени приеми
- Извршува сложени работи и работни барменски работи
- Применува современи системи на наплата
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 16 |
Пракса | 125 | 70 |
Оценување | 25 | 14 |
Вкупен број на часови | 180 |