Опис на програма
Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за готвач во угостителски објект. Во програмата опсежно ќе бидат елаборирани сите техники на готвење, како и едукација во областа на сертификација и добивање сертификати за работа со храна. Детално ќе бидат образложени процесите на приготвување на јадењата во теоретскиот дел, а делот на практичната настава учесниците ќе го обавуваат во реални услови, во комплетно опремена кујна. На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за готвач во угостителски објект. Во програмата ќе се вклучат кандидати со завршено средно образование. Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа, во траење од 250 училишни часа.
Резултати од програма
- познава различните видови кујни;
- препознава и користи различни процеси за приготвување на јадењата;
- објаснува карактеристики на кујната;
- применува готварска терминологија;
- објаснува карактеристики и презентира производи од растително и животинско потекло кои се користат во кујните;
- разликува видови меса и нивни составни делови;
- разликува и се служи со различните видови инвентар во кујната;
- опишува начинот на подготовка на фондовите и сосовите и способен е да ги подготви истите;
- приготвува супи, чорби и потажи;
- опишува и самостојно припрема готвени јадења, печења и меса печени на скара;
- применува во практика термичка обработка на риби;
- опишува едноставни ладни и топли предјадења и способен е да ги подготви;
- врши проверка на квалитетот на извршената работа;
- познава и применува гастрономски трендови во кулинарството;
- применува прописи за заштита при работа и заштита на животна средина.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 42 | 20 |
Пракса | 170 | 70 |
Оценување | 28 | 10 |
Вкупен број на часови | 230 |