Опис на програма
Резултати од програма
(Mk) По завршување на обуката за Изработувач на леб и бели печива кандидатот е оспособен да:
- познава средства за заштита при работа;
- применува основни хигиенско-технички мерки при работа во пекара;
- организира работен простор;
- специфицира прибор, алат и апарати што се употребуваат во пекара;
- чита, толкува и прилагодува рецептури за леб и бели печива;
- подготвува суровини за производство на леб и бели печива;
- врши сензорско оценување на суровините и готовиот леб и бели печива;
- изработува различни видови леб:
- изработува ситно бело печиво;
- изработува различни видови на филувани и нефилувани бели печива;
- изработува интегрално, пченкарно и други видови печива;
- изработува водено, масно и млечно бело печиво;
- пресметува рандман на леб и бели печива;
- амбалажира и подготвува леб и бели печива за дистрибуција;
- спроведува стандарди и норми на HACCP контролен систем во погоните за производство на леб и бели печива;
- применува прописи со кои се регулира производството, продажбата и квалитетот на пекарските производи;
Критериуми за влез во програмата
(Mk) Влез во програмата за кандидатите
- завршено минимум основно образование со навршени 18 години.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 46 | 20 |
Пракса | 161 | 70 |
Оценување | 23 | 10 |
Вкупен број на часови | 230 |
0 STUDENTS ENROLLED