Опис на програма

Наставната програма Изработувач на леб и бели печива е составена од четири предмети кои се надополнуваат меѓу себе. Со примена на оваа програма може да се овозможи:

  • Брзо стекнување на одредена квалификација на неквалификуваната работна сила на пазарот на трудот;
  • Доквалификација на работници според потребите на трудот;

 

На овој начин  се овозможува постојано надградување на стручната оспособеност како на вработените така и на невработените со што се остварува вистинска флексибилност на системот на стручното образование. Програмата содржи вкупно 230 часови од кои 46 теорија, 161 пракса и 23 проверка на стекнатите знаења. Теоријата и писмените проверки ќе се реализираат во СОУ „ Орде Чопела“ Прилеп, а практичниот дел во пекарска работилница ДООЕЛ Стара фурна. Програмата е намената за работоспособни лица со завршено минимум основно образование кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд и имаат афинитети кон пекарството. Бројот на кандидатите се препорачува да не изнесува повеќе од 12. Програмата ќе трае четири  месеци. Целите на програмата се кандидатите да се запознаат со опремата за производство на  леб и печиво и да ги совладаат постапките на нејзино користење. Да ја разбираат целта и задачите на секоја фаза од технолошкиот процес на производство на леб и  бели печива. Да се запознаат со санитарните норми во производството и со правилата за лична хигиена.

Резултати од програма

По завршување на обуката за Изработувач на  леб и  бели печива кандидатот е оспособен да:
  • познава средства за заштита при работа;
  • применува основни хигиенско-технички мерки при работа во пекара;
  • организира работен простор;
  • специфицира прибор, алат и апарати што се употребуваат во пекара;
  • чита, толкува и прилагодува рецептури за леб и бели печива;
  • подготвува суровини за производство на леб и бели печива;
  • врши сензорско оценување на суровините и готовиот леб и бели печива;
  • изработува различни видови леб:
  • изработува ситно бело печиво;
  • изработува различни видови на филувани и нефилувани бели печива;
  • изработува интегрално, пченкарно и други видови печива;
  • изработува водено, масно и млечно бело печиво;
  • пресметува рандман на леб и бели печива;
  • амбалажира и подготвува леб и бели печива за дистрибуција;
  • спроведува стандарди и норми на HACCP контролен систем во погоните за производство на леб и бели печива;
  • применува прописи со кои се регулира производството, продажбата и квалитетот на пекарските производи;
-     учествува во планирање и отпочнување сопствен бизнис

Критериуми за влез во програмата

Влез во програмата за кандидатите
  • завршено минимум основно образование со навршени 18 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 46 20
Пракса 161 70
Оценување 23 10
Вкупен број на часови 230
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support