Опис на програма
Програмата “Психотерапевт” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на советување и психтерапија. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: применува вештини од областа на советување и психотерапија на лица кои имаат пречки или се соочуваат со проблеми што ги носи животот, да комуницира, да соработува во тим, да пренесува знаења, да презентира и подучува други лица за теми од животот, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците практична примена на стекнатите вештини и знаења од областа на советување и психотерапија, полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи и техники специфични од областа на советување и психотерапијата, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана и искуствена активност во текот на целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Психотерапевт” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, индивидуални сесии со тренер и проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценцаод Комората на психолози на РН како и акредитиран сертигфикат од акредитирана од евроски тренинг инситут.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за ПСИХОТЕРАПЕВТ.
Времетраењето на програмата е 700 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-напредно ниво за психотерапевт под супервизија.
Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: применува вештини од областа на советување и психотерапија со лица кои имаат пречки или се соочуваат со проблеми што ги носи животот, да комуницира, да соработува во тим, да пренесува знаења, да презентира и подучува други лица за теми од животот, да учи доживотно и да се усовршува.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 200 | 28 |
Пракса | 400 | 57 |
Оценување | 100 | 15 |
Вкупен број на часови | 700 |