Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно и квалитетно изведување на работните задачи во занимањето Фризер за мажи и жени.

Програмата се состои од 225 часови, се реализира преку теоретски дел од 58 часови, практичен дел 147 часови и 20 часови за оценување и самоевалуација.

Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала преку предавања, дискусии, решавање на проблеми, со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.

Практичната настава се реализира во фризерски салон,преку демонстрирање на употребата, како и практична примена на опремата, апаратите и алатите за работа, како и демонстрирање на работа на случај применувајќи ги фризерските постапки и техники кои се опфатени во оваа програма.

Проверката на знаењата (оценувањето) се одвива континуирано во текот на реализација на обуката и на крајот од обуката со завршен испит.

Програмата за Фризер за мажи и жени е во времетрање од 3 месеци.

Програма ја спроведуваат: дипломиран инженер технолог, дипломиран економист и фризер со минимум три години работно искуство во дејноста.

Теоретската настава ќе се спроведува во училница, а практичната настава ќе се спроведува во фризерско студио.

Испитот се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука. Практичниот дел од испитот се состои во практична изведба на фризерски третмани самостојно.

Кога ќе го положат завршниот испит, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на занимањето Фризер за мажи и жени и ќе им се издаде сертификат за „Фризер за мажи и жени“. д

Резултати од програма

(Mk) По завршувањето на програмата учесникот стекнува знаења, вештини и компетенции и ќе биде способен да:   - планира, подготвува и организира работа, самостојно и во тим; - рационално користи материјали, опрема и време; - подготвува работно место и клиент за третман; - одржува хигиена во салонот; - избира препарати, апарати и постапки за подготовка и третирање на клиент за третман; - определува состојба на косата; - потстрижува коса кај жени и мажи; - мие и негува коса и скалп; - изведува различни техники на обликување на коса; - применува постапки на боење и белеење на коса; - ондулира коса; - бричи и обликува брада, бркови и бекенбарди; - приготвува и обликува производи за коса; - применува прописи за безбедност и здравје при работа;  

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Учесници во програмата може да бидат лица кои имаат завршено основно образование и најмалку 15 години возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 58 26
Пракса 147 65
Оценување 20 9
Вкупен број на часови 225
  • Неготино
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support