Опис на програма
Обуката се планира да се одвива врз база на серија предавања од областа на Compliance, со презентација на стручна литература (во недостиг на адекватна литература, ќе бидат презентирани пејпери, академски написи, објави од значајни институции од оваа област) и презентација на пракса при воспоставување на оваа функција. Во текот на обуката ќе се направи проценка на здобиеното знаење на учесниците од овој основен модул, преку тестови и изработка на проекти – т.н. Case studies од страна на учесниците.
Обуката ќе обезбеди запознавање на терминот Compliance и Compliance Officer, вештини за контрола на усогласеноста на работата на банката со прописите, идентификување на основниот GAP помеѓу целокупната регулатива и одредени групациски стандарди. Исто така ќе обезбеди основни насоки за обезбедување на адекватно ниво на информации за идните и сегашните учесници, со цел усогласување со барањата на домашната и странската регулатива.
Во текот на обуката ќе се направи проценка на здобиеното знаење на учесниците преку тестови и изработка на проекти – т.н. Case studies од страна на учесниците.
Обуката ќе обезбеди знаења за оваа функција, , day-to-day активности на Compliance Officer согласно меѓународните прудентни практики, основи на репортинг стандардите, креирање на focal point of contact, теренски контроли итн.
Резултати од програма
- да се запознае со основите на: Compliance, историјата, воведот и дефинициите;
- да ги идентификува на Compliance ризиците;
- да ја разбира улогата и функцијата на Compliance Officer;
- да ја детерминира основната рамка на воспоставување на функцијата во рамките на организацијата во која работат;
- да се запознае со основите на: финкцијата Compliance, одговорностите, правата и обврските;
- да се запознае со начинот на организација и управување на функцијата Compliance преку теоретска и практична примена;
- да се запознае со начинот на креирање/контрола и улогата на Compliance Officer во изработката на интерни акти и политики на институцијата.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 30 |
Пракса | 64 | 64 |
Оценување | 6 | 6 |
Вкупен број на часови | 180 |