Опис на програма
Обуката сметководствен службеник во јавен сектор®,односно сметководство на буџетските корисници ги опфаќа најрелевантните теми на подрачјето на сметководственото практично работење и даночното законодавство. Имено, обуката ќе се одвива врз база на серија практични предавања, задачи од праксата во јавни институции кај нас, како и учество на учесниците во практична работа (во кабинет за сметководтво) со помош на софтвер за сметководствено работење врз реални организации и јавни институции од Р.Македонија. Понатаму, ќе се направи проценка на здобиеното знаење на учесниците, преку анализа на финансиски извештаи во конкретна јавна институција земена од праксата. Во контекст на тоа, учесникт ќе ги демонстрира стекнатите вештини и разбирањето за сметководство во јавниот сектор.
<
Резултати од програма
- да се запознае со основите на финансиските извештаи во јавниот сектор
- да ги запознае законсите прописи по кои се води сметководство кај буџетски корисници
- да го разбере сметководственото евидентирање на средства и извори на средства кај буџеските корисници
- да се запознае со практични примери за евидентирање на средствата и изворите на средства
- да знае да пресмета амортизација и ревалоризација на долгорочните средства
- да го согледа сметководственото евидентирање на приходите и расходите кај буџетските корисници
- да се подготви со практични примери пред составувањето на завршната сметка
- да знае да го утврди резултатот од работењето кај буџетските корисници
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 40 | 32 |
Пракса | 80 | 65 |
Оценување | 4 | 3 |
Вкупен број на часови | 124 |